Бројот на колоквиуми, испити, семинарски работи и други проекти што се составен дел од оценките на факултетите станува сè поголем. Ова го покажуваат резултати од истражувања спроведени на повеќе европски универзитети.
Врз професорите се врши притисок подобро да ги научат студентите, а врз студентите да бидат дисциплинирани, а одговорот на тоа често е поголемо тестирање. Меѓутоа, испитните периоди се стресни за младите, а од студентите се очекува во релативно кратко време да покажат дека научиле повеќе предмети. Ситуацијата е полоша доколку има и задолжителни колоквиуми и други задачи. Овој притисок го чувствуваат и професорите.
Џен Мекартур, професор на Универзитетот во Ланкастер, смета дека студентите и професорите би требало да чувствуваат само радост за време на испитните рокови.
Фото: Pixabay
- Испитувањето и оценувањето би требало да се спроведат така што студентите да видат колку научиле во текот на семестарот, што би требало да ги усреќи и професорите. Но дури и ако студентот падне на испит, тоа е знак за професорот на што треба да работи - според Мекартур.
Зошто се зголемува бројот на испити?
Истражувањата покажале дека студентите денес сè полошо ги решаваат главните испити, па поради тоа се воведуваат колоквиуми и други задачи. Меѓутоа, и тие помали испити негативно влијаат врз студентите и не придонесуваат доволно за подобро усвојување на материјалот. Според британско истражување од 2018 година, студентите во една година полагаат над 50 испити, додека на еден факултет по математика бројот стигнал до 80.
Фото: Pixabay
Се покажало и дека студентите постојано чувствуваат анксиозност. Мери Ричардсон, професорка на Институтот за образование на УЦЛ, посочува дека ставовите на професорите за оценување на студентите во делови од светот сè уште се старомодни.
- Оценувањето треба да биде поразнолико. Зошто студентите сами да не одбираат на кој начин ќе бидат оценети? - вели таа, додавајќи дека студентите имаат различни потреби и не е фер сите да полагаат исти испити.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Pixabay