X
 12.09.2021 Култура

Средновековно гратче ја преживеа Втората светска војна и остана недопрено

Линебург е град во германската покраина Долна Саксонија и се наоѓа на околу 50 километри југоисточно од Хамбург.

Историскиот трговски град, член на поранешниот сојуз Ханза, е сместен недалеку од реката Елба, која ја дефинирала неговата судбина. Во градот живеат околу 80.000 жители, а кога има туристи, бројот надминува 100.000 на дневна основа.

Овој град има историја од над 1.000 години и без сомнение е еден од најубавите градови во Северна Германија.

1
Фото: Freepik

Градот ја преживеал Втората светска војна и останал речиси недопрен, задржувајќи го својот шармантен средновековен карактер.

Каде и да одат, туристите можат да ја почувствуваат богатата историја на Линебург. Градот ги стекнал богатството и славата со производството на сол, така што една од најголемите атракции е Музејот на солта.

2
Фото: Instagram

Во втората половина на 20 век биле направени значителни напори за обнова и заштита на старите згради и фасади, така што поголемиот дел од Линебург денес навистина изгледа како музеј на отворено.

Од другите интересни содржини, треба да се издвојат градското собрание Ратхаус со фонтаната „Лунабрунен“, старата аптека од 16 век, продавницата за оружје „Глокенхаус“, како и други згради во старото градско пристаниште.

3
Фото: Instagram

Поранешниот рудник за сол, Брдо Калкберг, денес е природен резерват и нуди совршено место за престој во природа.

Исто така, Линебург е универзитетски град со младешки дух, каде што уживањето во шопингот е посебна работа бидејќи главните модни синџири се наоѓаат токму во старите шармантни згради, така што задоволството е двојно.

До Линебург има лесен за пристап и има многу организирани екскурзии и туристички тури, па би било штета да не го посетите доколку сте во близина.



Извор: B92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура