X
 16.04.2015 Култура

Потонатиот пиратски град во Јамајка

Порт Ројал бил град сместен на југоистокот од Јамајка. Тој бил основан во 1518 година, а бргу пораснал и станал трговски центар во Карипското море.


Кога Англија испратила непријателски бродови во Карибите како дел од својата стратегија за одбрана, пиратите од целиот свет се собрале во Порт Ројал за да ја покажат легитимноста на своите размени. Наскоро, гратчето станало познато како место за пиратски активности, проститутки, обложување и пиење.





Но, славата на Порт Ројал не траела долго. Во 1692 година Јамајка била погодена од страшен земјотрес. Морето го голтнало гратчето, притоа носејќи 2.000 жртви.

Денес, местото е само сенка на поранешниот град, со населеност од помалку од 2.000 луѓе и речиси никакво комерцијално или политичко значење.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура