Леонардо да Винчи е познат по многу изуми, иако бил уметник. Очигледно тој размислувал и за урбанизмот бидејќи во неговите белешки дизајнирал нешто што го сметал за идеален град.
Да Винчи го дизајнирал градот некаде помеѓу 1487 и 1490 г. Во неговиот идеален град сакал да користи вода за да го поврзе градот како циркулаторен систем. Градот бил замислен на повеќе нивоа со подводни водни канали за отпадните води.
На највисокото ниво би биле сите куќи, плоштади и јавни згради, додека најниското ниво би било за сиромашните и сообраќајот.
Тој го замислувал градот на реална локација - покрај реката Тичино, која денес поминува низ Италија и Швајцарија.
Групата „Ајдиал спејсес“ и италијанскиот музеј „Леонардо да Винчи“ создале тродимензионални илустрации според замислениот град на уметникот. Илустрациите може да ги видите во видеата во продолжение.
Извор:
openculture.com