X
 29.07.2022 Живот

Родното место на доларот: Чешкиот град што го промени курсот на светската економија

Ако некој ви каже дека една од најсилните валути во светот, американскиот долар, всушност е родена во мал град во земја што некогаш била под советската чизма, можеби ќе помислите дека тоа се глупости.

Но, вистината е дека лулката на доларот се наоѓа на северот од Чешка, во близина на границата со Германија, во малиот град Јахимов.

Дури и да влезете во овој мал град, не би знаеле колку е важен за светската економија. Изгледа каков сосема обичен, питом град со готска архитектура  обвиена со зеленилото на околните ридови и шуми. Барем на прв поглед.

Претходно, со Европа управувале владетели кои војувале меѓу себе за територија и моќ. И тие се обиделе да го постигнат тоа со создавање сопствени валути. Јахимов бил рударски град каде што грофот Шлик ги ковал своите сребрени монети (таканаречени талири) во 1520 година - во поголема количина од која било друга монета.

1
Фото: Eliot Stein/BBC

Благодарение на ова, Јахимов станал еден од најголемите рударски центри во Европа, каде што работеле дури 8.000 рудари. Исто така, се проценува дека до средината на 16 век биле исковани 12 милиони талири, повеќе од која било друга валута во Европа.

Локалните наоѓалишта на сребро набрзо пресушиле, но како што талирот станал познат, станала и мерката за моделирање на парите на многу други земји низ Европа и светот. А тоа вклучувало имиња кои имале потекло од талир: далур, талеро, талиро. Се сеќавате на словенечките толари?

Дури и романскиот леу и бугарскиот лев ги зеле имињата од лавот што се наоѓал на оригиналните талири. Германците го присвоиле лавот така што нивните монети ги нарекле „leeuwendaler“ (лавовски долар) или скратено: далер. Кога Холанѓаните пристигнале во денешните САД во 17 век, со себе го донеле името на далерот, што подоцна станала една од најпознатите валути во светот: доларот.

muzej
Музејот „Ројал минт хаус“/Фото: Wikipedia

Во Јахимов денес постои музејот „Ројал минт хаус“ во кој биле родени прабабата и прадедото на доларите. Иронично, овде можете да платите во чешки круни, евра, понекогаш и руски рубљи, но тие не прифаќаат долари.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото:  Eliot Stein
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот