„Инстаграм“ наскоро ќе воведе нов начин на споделување на содржините. Објавите што ви се допаѓаат ќе може да ги споделите и како објави, а не само во „стори“ како досега.
Иако платформата во сопственост на фирмата „Мета“ сè уште јавно не објавила дека ќе ја воведе новата опција за објавување, таа ќе им биде достапна за тестирање на одбрани корисници деновиве. За неколку недели или месеци може да ја очекуваме кај сите корисници.
- Ја истражуваме можноста за споделување објави на почетна страница, слично како што можете да ги споделувате на „стори“, за луѓето да може да го споделуваат она што им се допаѓа, а оригиналните креатори би добиле заслуга за својата работа - изјавил портпарол на „Мета“.
Опцијата веќе била забележана од страна на некои корисници.
Извор.
Srednja
Насловна фотографија: Pixabay