Социјалната мрежа „Фејсбук“ почнала да им испраќа известување на некои корисници дека ќе укине одредени функции кои се засноваат на локацијата. Социјалната мрежа планира да оневозможи функции како онаа со која корисниците може да ја споделат локацијата со пријателите. Не е објавена конкретната причина за овој потег.
Освен тоа, автоматски ќе биде оневозможен пристапот до податоци за локација собрани од корисниците. Нема да биде достапно и предупредувањето за времето.
Фото: Pixabay
Функцијата за споделување локација, која на англиски јазик е позната како „nearby friends“, постои од 2014 година, а била воведена за да се создаде подобра поврзаност помеѓу пријателите. Функцијата е достапна за корисниците на „Андроид“ и „ајфон“, кои веќе имаат можност за следење преку ГПС.
Сите споменати апликации и услуги од 31 мај ќе престанат да собираат податоци за локацијата во заднина, а корисниците нема да мора да прават ништо за да го оневозможат тоа, туку тоа ќе биде направено автоматски. „Фејсбук“ не споменува планови за враќање на функциите, па затоа се смета дека тие ќе бидат трајно отстранети.
Извор:
b92
Насловна фотографија: Pixabay