X
 31.07.2018 Технологија

Не сакате следачите да знаат дека сте активни на „Инстаграм“? Еве како да се исклучите

Неодамна „Инстаграм“ воведе функција која овозможува вашите пријатели да знаат дали во моментот ја користите апликацијата преку зелениот индикатор. Уште од јануари имаше ознаки како „Активен денес“ во директните пораки, но ова е сосема нова функција.

За среќа, ако не сакате сите да знаат дека во моментов гледате фотографии од вечерата на вашите пријатели, лесно можете да ја исклучите функцијата.

За да го направите тоа, одете на вашиот профил, а потоа на трите точки за да влезете во поставките. Одете надолу до делот Privacy and Security, а потоа одете на Activity Status.

Фото: LifeHacker

Тука треба само да ја исклучите опцијата Show Activity Status.

Тоа е се. Добрата вест е што кога ќе го направите ова, луѓето кои ве следат нема да знаат дали сте активни во моментот, а лошата е што ниту вие нема да можете да го видите нивниот статус. Значи ако не сакате да ве „прогонуваат“, нема да можете ниту вие да „прогонувате“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија