„BuzzSumo“ анализирале 500 милиони објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ од повеќе од 3 милиони страници на мрежата од целиот свет во последните осум месеци.
Ова е едно од најголемите истражувања поврзани со „Фејсбук“ досега. Од резултатите се извлечени повеќе заклучоци, меѓу кои дека најпопуларното време за објавување е доцна наутро или за време на ручекот, додека најмалку популарно време за објавување е доцна вечер или во текот на ноќта.
Кога станува збор за деновите, најмногу се објавува во вторник и среда, а најмалку за време на викендот.
За
објавување на „Фејбсук“ корисниците поретко користат други апликации и најчесто ја користат мрежата за да објавуваат директно на неа.