Истражувањето на Универзитетот Деакин во Австралија откри на кој начин количината на сол во намирниците влијае на дебелината и создава чувство на зависност. Конзумирањето на многу солена храна може да биде поврзано со дебелината независно од тоа колку храната содржи калории. Поединечни студии покажале дека желбата за поголема количина на сол во храната е поврзана со прекумерно јадење и прекумерна дебелина.
Во новата студија објавена во магазинот на исхрана, истражувачите посебно посветија внимание на дејството на солта во храната. Истражувачите од Австралија од универзитетот Деакин спроведоа експеримент во кој учествувале 48 здрави лица. Во првиот дел на експериментот им била мерена нивната чувствителност на масти во храната, а во друг дел поврзаноста на солта и количината на храна што ја изеле. Поточно испитаниците по еднаш неделно имале 4 оброци. Оброците изгледале прилично исто, макарони со сос од домати, но научниците манипулирале со количината на сол и мастите во различните порции.
Секоја порција имала различен однос на количество на сол и масти, а според тоа кој испитаник што изел, ги мереле реакциите на испитаниците на вкус, а со тоа и нивото на глад и ситост. Додавањето на сол го зголемило нивото на задоволство на храната кај испитаниците, но тоа влијаело и на количината на храна што ја изеле.
Луѓето за 11 проценти повеќе јаделе солена храна која имала поголем број на калории без оглед на количината на масти. Најубедливите резултати од студијата произлегуваат од фактот дека луѓето кои не јадат мрсна храна успеале да се контролираат кога храната била помалку солена.
“Но кога додадовме сол во порцијата контролата исчезна. Луѓето кои се чувствителни на маснотии, поради што и не конзумираат таква храна, изедоа иста количина на солена, мрсна храна како и оние кои не се чувствителни“- изјавил главниот водител на студијата на Универзитетот, Расел Кист.
Резултатите покажале на тоа дека луѓето што уживаат во солениот вкус, во тој момент им отапува сигналот за ситост во телото.
“Оваа студија не покажува на тоа дека мрсната храна не влијае на дебелина, туку поголемата желба за солена храна влијае на големата желба за јадење, без оглед колку е масна или колку калории содржи. Сетете се на тоа следниот пат кога ќе се прашувате зошто не можете да престанете со грицкање на пример чипс“- заклучил Кист.