Руската салата е омилено јадење за празниците во земјава и во регионот. Меѓутоа, таа не се нарекува исто во сите земји.
Веб-страницата „Тејст атлас“ сподели мапа во која покажува како се нарекува руската салата во различни земји. Според мапата, во Босна и Херцеговина таа се нарекува руска или француска салата, а во Франција се нарекува македонска салата.
Во Германија, Норвешка и во Финска се нарекува италијанска салата. Во Шпанија, Португалија, Италија, Србија, Турција и во Мексико оваа салата се нарекува руска.
Во Хрватска, Словенија и во Унгарија оваа салата е позната како француска салата, во Бразил ја нарекуваат салата со мајонез, а во САД и Австралија е позната како салата со компир. Во Индонезија таа е позната како холандска салата.
Интересно е тоа што ниту еден народ не ја присвојува оваа салата. Оригиналната салата ја измислил Лусиен Оливие во 60-тите години на 19 век, а таа го носи неговото име во Русија.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Freepik