X
 12.09.2023 Живот

Река од вино во португалски град

Стотици илјади литри вино протекоа во мал град во Португалија откако два резервоара полни со црвено вино се истурија на улиците.

На снимки од Сау Лоренсо до Баиро, Анадија, околу 240 километри северно од Лисабон, може да се види црвена река која тече низ улиците. Поплавениот град е дом на околу 2.000 жители.

Локалните медиуми проценуваат дека истекле 2,2 милиони литри вино, што е доволно за да се наполнат 2.933.333 шишиња вино. Португалските медиуми пренесоа и дека бил поплавен најмалку еден подрум.



Жителите биле загрижени за загадувањето на локалната река, но пожарникарите успеале да го блокираат текот и да го пренасочат виното во блиско поле.

Од винарницата чие било виното се извинија за инцидентот и направената штета. Оттаму додадоа дека никој не бил повреден од протекувањето и дека властите ја истражуваат причината за инцидентот.



Извор: Business Insider
Насловна фотографија: Twitter (screenshot)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот