Властите низ Европа размислуваат како да се намали притисокот врз граѓаните поради високите трошоци за живот. Со таа цел, градскиот совет на Лисабон решил да спроведе мерка според која изнајмувањето велосипед во градот ќе биде бесплатно за жителите.
Предлогот бил одобрен на состанок на советот, а предвидени се и други мерки наменети за најранливите групи и малите компании кои се погодени од кризата.
Од летото, јавниот превоз е бесплатен во Лисабон за младите под 23 години и пензионерите постари од 65 години. Оваа мерка има цел и да доведе до намалување на емисиите на јаглероден диоксид во градот и подобрување на услугите за превоз за граѓаните.
Сега мерката ќе биде проширена на велосипедите за изнајмување. Двете групи граѓани ќе може бесплатно да изнајмуваат велосипеди почнувајќи од првиот квартал на 2023 година.
Подоцна мерката ќе биде проширена и за другите граѓани на Лисабон.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay