Со цел да се помогне на локалното население кое претрпе штети од поплавата и волонтерските акции да бидат по координирани екипата на System4Enterprise создаде мобилна апликација - HelpMark.me која што овозможува маркирање на потреба од помош на одредени локации и ја олеснува координацијата при доставата на истата.
Апликацијата е платформа каде имаат можност да се спојат волонтерите и оние кои имаат потреба од помош. Ве молиме споделете ја оваа апликација со Вашите пријатели, блиски и сите оние кои можат да помогнат.
Како функционира
HelpMark.me?
1.Пријави потреба од помош на локацијата на која се наоѓаш.
2.Прегледај каде има потреба и одбери каде ќе помогнеш. Ако избраниот маркер не успееш да го опслужиш во рок од 12 часа, маркерот се враќа во статус "потребна помош".
3. Во моментот кога потребата ќе е опслужена, маркерот се брише од мапата. Тоа може да се направи само од локацијата каде маркерот е поставен.
HelpMark.me можете да ја симнете директно на вашиот телефон преку Google Play Store.