Ви се случува ли во еден момент да работите а другиот да гледате видеа на YouTube? Концентрацијата ви лета од една на друга активност и не успевате никако да се фокусирате. Студијата на Микрософт открила дека просечното континуирано внимание на човекот трае околу 8 секунди. Како да го вратите фокусот на она што го работите, без нешто друго да ви го одвлече внимамнието?
1. Направете пауза
Дајте си време да се одморите од она што го работите. Имајте две кратки паузи во еден час. Иако тоа звучи како контрапродуктивно, сепак истражувањата покажуваат дека ваквите паузи помагаат за да го насочите мозокот кон една работа подолго време. На тој начин го одмарате мозокот и повторно го активирате за да се концентрира и анализира.
2. Исклучете го мобилниот телефон
Мобилниот може само да ви го одвлекува вниманието и заради тоа да не можете да се концентрирате на работата и притоа да правите грешки. Или исклучете го или вклучете ја опцијата нечујно.
3. Не применувајте мултитаскинг
Реално не можете да завршувате многу работи одеднаш, затоа концентрирајте се на едно нешто, а потоа завршете ги другите обврски. Вашиот мозок не може да се справи со повеќе од две активности одеднаш.
4. Практицирајте свесност
Кога правите паузи дома или на работа, неколку пати земете воздух и концентрирајте се на дишењето. Оваа будистичка техника покажала дека ја подобрува менталната функција и ви помага да се концентрирате во сегашноста, а не да лутате со мислите.