Вие сте она што јадете. Но, она што го јадете исто така го обликува она што ќе станете.
Децении на нутриционистички студии постојано го потврдуваат ова. Сепак, на равенката ѝ недостигаше исхрана специјално приспособена за здравјето на мозокот. Сфаќајќи го ова, Марта Клер Морис, нутриционистички епидемиолог, ги проучувала храната и хранливите материи поврзани експлицитно со помал когнитивен пад и помал ризик од Алцхајмерова болест, и во 2015 година премиерно ја претставила исхраната наречена МИНД.
Диетата МИНД е хибрид на медитеранската исхрана и диететскиот пристап за запирање на хипертензијата (нејзиното име е комбинација од тие две диети).
Во една студија објавена во септември во „Журнал оф Алцхајмерс дизис“ научниците покажаа дека исхраната МИНД може да го забави когнитивниот пад и да го намали ризикот од деменција на Алцхајмерова болест.
Фото: Freepik
Првиот автор Клодијан Дана е доцент на Универзитетот „Раш“. Неговиот фокус е на идентификување на ризик-факторите за деменција. Во отсуство на лек за Алцхајмерова болест, научниците имаат цел да идентификуваат кои променливи фактори на начин на живот можат да го намалат ризикот од когнитивен пад.
- Исхраната привлече интерес затоа што може лесно да се измени. Се надевам дека наодите од оваа студија ги мотивираат луѓето да практикуваат поздрав начин на живот преку исхрана, вежбање и когнитивни активности - вели тој.
Дана и колегите ги испитувале податоците од тековниот проект за меморија и стареење на Универзитетот „Раш“, претставувајќи 569 учесници. Овие лица живееле во поголемата област на Чикаго и почнале да ги споделуваат своите витални знаци во 1997 година. Во 2004 година бил додаден годишен прашалник за фреквенција на храна, кој оценувал колку често јадат одредена храна. Сите учесници се согласија да подлежат на клиничка евалуација додека се живи и обдукција на мозокот кога ќе починат.
На секој учесник му биле доделени МИНД-поени врз основа на тоа колку се придржувале до оброците во него. Во рамките на исхраната МИНД има 10 групи продукти здрави за мозокот и пет групи нездрави: нездравата група вклучува путер и маргарин, сирење, пржена и брза храна, колачи и слатки и црвено месо.
Правилното следење на исхраната МИНД вклучува дневна потрошувачка на:
- Најмалку три порции интегрални житарки
- Зелен листсет зеленчук
- Друг вид зеленчук
- Чаша вино
Биле вклучени и јаткасти плодови како ореви, грав секој втор ден, пилешко и бобинки двапати неделно и риба барем еднаш неделно. Правилното држење до исхраната вклучувало ограничување на потрошувачката на артиклите во групата нездрава храна.
Фото: Freepik
Генерално, околу 70 отсто од учесниците биле жени, просечното ниво на образование било 15 години, а просечната возраст по смртта беше 91 година.
Учесниците со повисоки МИНД-поени на исхрана имале подобра меморија и вештини за размислување како што старееле. Но, обдукциите на нивниот мозок откриле нешто неверојатно: Додека некои мозоци содржат протеински наслојки што најчесто се наоѓаат во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест, тие никогаш не развиле клиничка деменција.
Ова посочува дека исхраната МИНД поддржува когнитивна функција, без оглед на патологиите поврзани со Алцхајмерова болест. Резултатите се усогласуваат со претходните наоди: на пример, исхраната МИНД, исто така, е поврзана со одложување на почетокот на Паркинсоновата болест и предизвикува мозокот на постарите возрасни лица ефикасно да функционира како да се 7,5 години помлади од нивните врсници.
Но, издржливоста на мозокот оди подалеку од храната, објаснува Дана. Исто така, препорачува вклучување на најмалку 150 минути умерена и енергична физичка активност неделно и фокусирање на когнитивни активности, како што се читање книги, посета на музеи и редење сложувалки.
Извор:
Inverse.com
Фото: Freepik