X
 23.05.2016 Наука

Вашиот мозок има копче за бришење - Како да го контролирате?

Вежбањето е патот до совршеноста. Колку повеќе вежбате пијано или колку повеќе зборувате нов јазик, толку подобро ќе ја усовршите таа вештина. Но, се чини дека способноста за учење е повеќе од ова. Поважно е да се ослободиме од некои непотребни вештини. Како функционира ова?


Замислете дека вашиот мозок е градина, но наместо цвеќиња, во него има врски меѓу невроните. Тоа се врски преку кои патуваат невротрансмитерите како допаминот, сератонинот и други. Глијалните клетки е градинарите во мозокот - тие ги забрзуваат сигнали меѓу одредени неврони. Останатите глијални клетки се отстранувачи на отпад. Оние градинари кои го чистат мозокот се микроглијални клетки. Тие ги кастрат врските. Како знаат кои врски треба да бидат скратени?

Истражувачите штотуку започнале да ја разоткриваат оваа мистерија, а она што го знаат е дека врските кои се користат помалку се означени со протеин C1q. Кога микроглијалните клетки го откриваат овој протеин, тие се врзуваат со него и ја уништуваат врската. На овој начин мозокот прави место за новите врски како што учите повеќе.

Зошто е важно спиењето?

Дали некогаш сте се чувствувале дека вашиот мозок е полн? Кога учите нови нешта, вашиот мозок гради врски, но има многу врски кои не се ефикасни. Мозокот треба да се ослободи од непотребните и да изгради подобри места за новите врски. Ова го прави додека спиеме. Затоа, откако ќе се разбудиме од добар сон може да размислуваме јасно и брзо и да учиме подобро.

Како да го контролирате ова?

Може да имате контрола на она што го брише мозокот додека спиете. Тоа се врските кои не ги користите. Оние кои ги користите нема да бидат означени за „рециклирање“. Затоа, бидете внимателно на што размислувате.

Доколку трошите време читајќи теории за крајот на „Игри на престолот“ а многу малку за вашата работа, погодете кои врски ќе бидат означени за бришење?

За да го контролирате бришењето на непотребните информации, а негувањето на потребните, едноставно размислувајте за нештата кои ви се битни. Тие врски ќе станат поцврсти, а останатите ќе исчезнуваат по секое спиење.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука