Научниците направиле едноставен тест со чија помош може да се открие потенцијален ризик од добивање мозочен удар. Сè што треба да направите е да станете и да стоите на една нога.
Овој тест го покажува функционирањето на мозокот и според него, секоја здрава личност без проблем може да стои 20-ина секунди и да одржува рамнотежа. Доколку не можете да го направите тоа, а немате никаков физички проблем, можеби треба да се консултирате со лекар.
Тестот бил тестиран на 1.300 луѓе на просечна возраст од 67 години. Сите морале да стојат на една нога и 20 секунди да одржуваат рамнотежа.
По тестирањето му била проверена состојбата на мозокот на секој од учесниците и било докажано дека дури 30% од оние што имале проблем со балансирањето имале некаков мозочен проблем.
Извор:
Novosti
Фото: Pixabay