„Google chrome“ е еден од најпопуларните прелистувачи меѓу корисниците на интернетот. Но, дали знаевте дека може да го правите ова со него?
Кога имате неочекувано исклучување
Користете command+shift+t за да ги вратите сите отворени прозорци.
Сакате да сурфате тајно?
Доколку не сте ја знаеле досега, запознајте ја опцијата за анонимно пребарување. Command+shift+n ќе ви отвори прозорец кој не чува историја на пребарување.
Уморни сте од хаосот?
Намалете ги отворените табови со опцијата „pin tab“.
Како да запишувате забелешки?
Одете на keep.google.com и ќе пронајдете место за забелешки. Може да ставате и потсетници.
Треба да зачувате повеќе интернет-страници за еден проект?
Command + shift + d создава папка со зачувани линкови од секој таб кој ви е отворен. Потоа може да ги отворите сите заедно.