X
 12.10.2020 Живот

Загатката со 17 камили и 3 сина

Оваа задача е позната во математиката како проблемот со 17 камили.

Таткото им оставил 17 камили на своите три сина, така што најстариот требало да добие половина од камилите, средниот една третина, а најмладиот една деветтина од камилите. Како синовите да го поделат скапоценото наследство?

Според приказната, синовите никако не можеле да се договорат бидејќи 17 е прост број и не се дели со ниту еден број освен само со себе и со бројот 1. Затоа, тој не се дели ниту со 2, 3 и 9.


Фото: Freepik

Тогаш на помош повикале мудрец кој од далечна оаза пристигнал на стара слаба камила за да го реши проблемот. Мудрецот им ја позајмил својата слаба камила на тројцата наследници и кога имало вкупно 18 камили, им рекол да се поделат. Најстариот зел половина, односно 9 камили, средниот зел една третина, односно 6 камили, а најмладиот зел една деветтина, односно 2 камили. На крајот останала една камила, онаа на мудрецот.


Фото: Freepik

Бројот 17 се смета за еден од „наједноставните“ прости броеви. Тој често се смета за „прв случаен број“. Имено, според истражување од Технолошкиот институт во Масачусетс, САД, во најголем број од случаите кога од некого барате да ви каже случаен број, тој број ќе биде 17. Во некои места во Италија бројот се смета за несреќен, додека во Јапонија тој е важен дел од културата со оглед на тоа што секоја хаику песна мора да содржи точно 17 слога.

Со бројот 17 има и други игри. Доколку бројот 10 го степенувате 17 пати, ќе ја добиете староста на универзумот во секунди, од Големата експлозија наваму. Освен тоа, доколку ги соберете квадратите на простите броеви до 19 (2, 3, 5, 7, 11, 13, 17) ќе го добиете бројот 666, бројот на ѓаволот.

Извор: naukakrozprice.rs
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот