X
 14.04.2015 Образование

Може да решите математичка задача наменета за учениците од Сингапур?

Сингапур најчесто се наоѓа помеѓу најдобрите земји на меѓународните рангирања за математика во основно образование. Кога ќе ја погледнете оваа задача ќе сфатите зошто е тоа така. Се работи за одлична логична загатка која ќе ги збуни и возрасните.

Задачата оди вака:

„Алберт и Бернард штотуку се спријателиле со Шерил и тие сакаат да знаат кога ѝ е роденден. Шерил им дава листа од 10 можни датуми.

15 мај
17 јуни
14 јули
14 август
16 мај
18 јуни
16 јули
15 август
19 мај
17 август

Потоа, Шерил одвоено им ги кажува на Алберт и Бернард месецот и денот на нејзиниот роденден, соодветно.

Алберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.

Бернард: Прво не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.

Алберт: Тогаш и јас знам кога ѝ е роденден на Шерил.

Кога ѝ е роденден на Шерил?“

Обидете се да ја решите задачата.


Одговор: 16 јули.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование