X
 13.02.2018 Живот

Градовите што може да останат без вода за пиење

Кејптаун во моментов е во незавидна ситуација бидејќи може да стане првиот голем град во модерно време што ќе се соочи со недостиг, па и исчезнување на водата за пиење. Се проценува дека само 3 проценти од водата на Земјата се свежи и може да се пијат, иако Земјата се состои од дури 70 проценти вода.


Според извештаите на Обединетите нации, побарувачката за свежа вода за пиење до 2030 година ќе биде поголема од 40%. Причина за тоа се климатските промени, но и човековото влијание и порастот на населението. Но, не е само Кејптаун местото на кое му се заканува недостиг на вода.

Сао Пауло

Овој бразилски град неколку пати се соочувал со недостиг на вода за пиење, особено во 2015 година, кога главниот резервоар располагал само со 4% вода. Кризата е завршена во 2016 година, но во јануари 2017 главните резерви биле 15% под очекуваното во тој период, па повторно е доведено во прашање трошењето на водата.

Бангалуру

Најголемиот технолошки гигант, град во Индија, се бори со проблемите предизвикани од градските канали и од канализацијата. Индија се бори со загаденоста на водата долго време, а водата од градските езера, во 85% од случаите, може да се користи само за наводнување и индустриско ладење, а не и за пиење.

Пекинг

Кина зафаќа 20% од светската популација, но има само 7% вода за пиење. Кинеските власти се обиделе да го решат проблемот преку пренасочување на водата, а и ги зголемиле цените на бизнис-субјектите што користат вода.

Каиро

Египет е држава со најголем број смртни случаи кога се работи за труење со загадена вода, според податоците на Светската здравствена организација. ОН проценуваат недостиг на вода во оваа земја до 2025 година.

Џакарта

Како и поголемиот број градови во Индонезија, и Џакарта се соочува со често подигнување на речните нивоа. Но, најголем проблем е тоа што жителите често се одлучуваат на незаконски ископувања и тоа влијае врз одводот на подземните води.

Москва

Најголемиот процент на вода за пиење се наоѓа во Русија, но оваа држава се соочува со често загадување на воздухот што го предизвикува индустријата. Тоа е загрижувачко особено за Москва, каде што снабдувањето со вода дури 70% зависи од површинските води.

Истанбул

Градот е во криза за вода, а локалните експерти предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши и да дојде до недостиг на вода до 2030 година.

Мексико Сити

Ништо ново за градот кој има 21 милион жители. Секој петти жител во градот добива 5 часа водоснабдување во текот на денот, а само 20% од нив имаат вода за пиење цел ден.

Лондон

Според истражувањата, овој град ќе има сериозни проблеми со водоснабдувањето до 2025 година, а постои и закана дека нема да има вода воопшто до 2040 година.

Токио

Градот има повеќе од 30 милиони жители, а водоснабдувањето зависи од површинските води. Најмалку 750 приватни и јавни згради имаат системи за собирање и за користење на водата од дождот.

Мајами

Американската држава Флорида е меѓу петте американски држави што се најмногу погодени од дождови секоја година. Но, во најпознатиот град Мајами постои криза во водоснабдувањето. Со тој проблем се борат и соседните градови.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот