Велат дека мачките имаат девет животи, но факт е дека често имаат проблеми со бубрезите. Затоа, јапонските љубители на мачки за краток временски период собраa речиси 2 милиона долари за да се пронајде лек за бубрежната слабост кај овие животни.
Поради пандемијата, научници од Универзитетот во Токио не добиле средства за истражување поврзано со спречувањето на бубрежната слабост кај мачките. Откако националната медиумска агенција „Џиџи“ пишувала за овој проблем, илјадници љубители на мачки тргнале во акција.
- Минатата година мојата сакана мачка почина од бубрежна болест. Се надевам дека ова истражување ќе им помогне на многу други да живеат без бубрежни болести - напишала една жена со нејзината донација.
Домашните мачки и нивните поголеми роднини во дивината често имаат проблеми со бубрезите бидејќи во организмот не може да им се активира клучен протеин кој го откриле истражувачите од Токио. Овој протеин помага во чистењето на мртвите клетки и другите нечистотии во телото и во функционирањето на бубрезите кај мачките.
Фото: Pixabay
Професорот по имунологија Тору Мијазаки и неговиот тим развиваат начини за производство на тој протеин во доволно количини и се надеваат дека ќе создадат лек кој ќе го зголеми очекуваниот животен век на мачките за два пати. Сега очекуваниот животен век на мачките е околу 15 години.
Тимот на Мијазаки примил дури 10.000 донации по само неколку дена од објавувањето на веста. До средината на септември биле собрани 1,8 милион долари.
Истражувањето за протеинот и неговата функција во работата на бубрезите кај мачките првпат било објавено пред 5 години. Истиот тим работи и на создавање посебна храна во која ќе го има овој протеин.
Извор:
HRT
Фото: Pixabay