Она што популарно се нарекува „мајчински инстинкт“ е во спротивност со нужноста на современите мајки да ги остават дечињата во градинка или кај бејбиситерка. Кај нас, постои опцијата породилно отсуство кое е платено и трае 9 месеци. Ова за жените на Западот е недостижен луксуз, така што мајките кои сакааат да се вратат на работа веднаш се соочуваат со дилеми. Вработените мајки чувствуваат грижа на совест позната како „вината на вработените мајки“. Евидентно е дека самиот фактор на вработеност или невработеност, не е под влијание на брачните односи или развојот на децата. Поголемо влијание има распоредувањето на слободното време кај родителите.
После ова, се доаѓа до размислувањето дека мајката која е вработена е мајка која не му посветува доволно внимание на детето, а како „добра мајка“ во општеството се смета онаа која постојано е дома и не работи, односно не води кариера. Едно истражување се бави со разликите во ставовите спрема вработеноста на жените и нивната семејна улога. Според резултатите, помеѓу 70-те години и овој период дошло до промени во ставовите во смисла дека средношколците и возрасните се повеќе подготвени да го прифатат фактот дека нивните мајки се вработени како и фактот дека семејството има два извора на приход.
Но, дури 41 процент од испитаниците во САД одговориле позитивно на прашањето дали вработената мајка е лоша одлика на општестеството. 42 проценти пак, одговориле дека мајката која е невработена и се грижи за децата е идеална. Исто така од истражувањето може да се утврди дека повеќето од мажите, отколку жените, се склони да ја проценуваат ситуацијата во која мајката е невработена како оптимална.
Како тоа влијае на самоперцепцијата на (не)вработените мајки? Истражувањето на Pew центарот, еден од најугледните во САД, покажува дека мајките на кои им е побарано да се оценат самите и своите родителски вештини, воглавно се оценуваат прилично високо, без разлика дали се вработени или не. Но, највисоки критики си упатуваат вработените мајки. Само 10 проценти од вработените мајки си дале високи оценки. Невработените мајки пак, се оценуваат со средни оценки, така што највисоки ценки од нив си дале 28 проценти.
Квалитативното истраување на чувството на вина кај вработените мајки покажува дека тие така се чувствуваат секојдневно, а во основата на вината стои чувството на одговорност за децата : вината се јавува тогаш кога мајките сметаат дека ги изневериле своите деца.
Мајките се инаку и жртви на предрасуди и стереотипи – доколку се успешни на работа особено во таканаречените „машки работи“, се претпоставува дека негде потклекнале во улогата на мајка. Доколку пак, се покажуваат како добнри мајки, од работодавачите ќе се сметаат за помалку компетентни за одредена работа. Мажите пак, односно татковците немаат проблеми.
Вработените мајки, мораат да „жонглираат“ помеѓу различните општетсвени улоги, што предизвикува стрес и промени на расположението.
По сето ова, фактот дека мајката работи може да има позитивни ефекти на неа а и на децата, спротивно на мислењето на лаичката јавност. Но, детето не е одговорност само на родителите туку и на поширокото семејство и воопшто целата заедница, односно општетсвото во кое ќе расте и ќе се развива.