X
 03.07.2021 Живот

Зошто не треба да спиете со домашните миленици доколку имате ковид-19?

Некои луѓе сакаат да спијат со домашните миленици, но тоа можеби не е добра идеја доколку сте заразени со ковид-19. Во април годинава, научниците од Универзитетот на Глазгов известиле за најмалку две мачки кои се заразиле со ковид-19 додека спиеле во кревет заедно со нивните сопственици.


Сега, истражување спроведено во Онтарио посочува на случаи на мачки и кучиња кои имале антитела откако нивните сопственици ја прележале болеста. Истражувачите анализирале крвни примероци од 48 мачки и 54 кучиња од 77 домаќинства во кои некое лице биле заразено со ковид-19. Овие примероци потоа биле споредени со вкупно 150 мачки или кучиња од ветеринарни клиники или засолништа.


Фото: Pixabay

Во анализата, 67% од мачките и 43% од кучињата имале антитела откако нивни сопственик бил заразен со ковид-19. За споредба, само 9% од животните од засолништата и 3% од клиниките имале антитела.

Во поглед на симптомите, 20% од кучињата во домаќинствата имале симптоми, најчесто умор и намален апетит. Кај мачките, 27% од оние во домаќинствата имале симптоми, најчесто течење од нос и тешко дишење.

Според истражувачите, во најголем ризик од зараза се мачките што спијат во креветот на нивните сопственици. Во случај на кучињата, ризикот е помал бидејќи не спијат блиску до лицето на сопствениците, според истражувачите. Освен тоа, мачките можеби имаат специјални рецептори преку кои коронавирусот влегува во клетките.


Фото: Pixabay

Истражувачите предупредуваат и изолирање на домашните миленици од други животни или луѓе доколку самите сте заразени со ковид-19, бидејќи можеби сте му ја пренеле болеста на миленикот.

Според досегашните докази, пренесувањето на коронавирусот на домашните миленици е ретко, но се случува. Освен тоа, иако нема случај во кој миленик му го пренел коронавирусот на човек, опцијата не треба целосно да се исклучи, велат истражувачите.

Извор: Yahoo
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот