Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи деновиве објави фотографии од реновирани и новоизградени училишта кои годинава ги отвораат вратите за учениците.
Успеавме да изброиме 28. Погледнете како изгледаат.
Ова е новото основно училиште во Тирана именувано „Андреа Стефани“, кое има капацитет за 900 ученици.
.
Ова е едно од 12. нови училишта во Тирана, а Рама објави снимки и од гимназијата „Сами Фрашери“, која има капацитет за 1.500 ученици.
Погледнете како изгледа гимназијата „Ариф Халил Сулај“ во Мамурас, обновена од темели и со капацитет да прими над 400 ученици и наставници.
Ова е училиштето „Илирија“ кое се наоѓа во Фуш-Круја.
Во продолжение ви пренесуваме фотографии од основното училиште „Кото Хоџи“ во Ѓирокастро, кое има капацитет да прими 900 ученици.
Во Општина Круја, пак, Рама објави отворање на 6 училишта:
-„Ѓерѓ Кастриоти“ со капацитет за 147 ученици;
-„Шериф Дервиши“ со капацитет за 200 ученици;
-„Хајдар Зогу“ за 443 ученици;
-„Хаџи Ќира“ за 511 ученици
-„Шаќир Леја“ за 242 ученици и
-„Влезерит Маша“ за 89 ученици.
Во градот Решен има две нови училишта: „Пашко Васа“ за 450 ученици и „Решен 2“ за 360 ученици.
.
Исто така, две училишта се отворени во градот Патос: основното „Мелеќ Госништи“ за 384 ученици и средното „Мустафа Матохити“ за 200 ученици.
Во Каваја се отворени три училишта: гимназијата „Ќамил Џани“ за 291 ученик, основното „Карпен“ за 85 ученици и основното „Рази Лека“ за 74 ученици.
.
Минатата година само во Тирана беа отворени 10 нови училишта. Рама уште во 2020 година вети изградба на 143 нови училишта и градинки.
Насловна фотографија: Фејсбук