Во овие жешки денови можеби најмачно е чекањето автобус на постојките додека температурата достигнува и до 40 Целзиусови степени. Но, властите во главниот град на Албанија, Тирана, имаат едно интересно решение со кое им помагаат на граѓаните да се справат со жештините.
Тие решија да инсталираат вентилатори на самите постојки. Поставувањето на разладувачките уреди почна од центарот на градот, а се очекува да бидат поставени низ цела Тирана.
Фото: Gazeta Shqip
Снимките и фотографиите од вентилаторите брзо станаа хит на интернет, а видео на „Фејсбук“ прикачи и градоначалникот на
Тирана, Ерион Велијај.