X
 16.03.2021 Живот

Скриената еколошка цена на холивудските филмови

Многу филмски ѕвезди ги критикуваат политичарите и компаниите за оштетување на природата или за недоволниот напор да се спречи ова уништување. Меѓутоа, вистината е дека многу од филмовите што ги сакаме имаат свој придонес во уништувањето на природата.

Филмскиот експерт Хантер Воган го истражува ова во својата книга „Највалканата тајна на Холивуд: Скриената еколошка цена на филмовите“ (англ. Hollywood's dirtiest secret: The hidden environmental costs of the movies).


Фото: Pixabay

Во интервју објавено на „Њусвајз“, Воган пишува за многубројни „еколошки оштетувачи“, како филмот „Однесено со виорот“ од 1939 г., кој го почнал трендот со експлозии во филмовите, но и научнофантастичниот филм „Аватар“ од 2009 година, кој предизвикал огромна штета врз природата.

Во краткото интервју Воган објаснува и како се предизвикало загадување на океанот во Мексико и уништување на популацијата на морски ежови, но и намалување на рибите за една третина во делот во кој се снимал „Титаник“. Тој зборува и за штетата предизвикана во текот на снимањето на филмот „Плажата“ со Леонардо ди Каприо.

The environmental cost of Hollywood from CU Boulder Strategic Relations on Vimeo.



Според неговите истражувања, филмската индустрија прави иста штета во поглед на користењето енергија и создавањето емисии на штетни гасови како и авионската, модната и хотелската индустрија.

Во меѓувреме, некои филмски студија објавиле планови за намалување на својот јаглероден отпечаток, а некои актери преземаат вистински мерки во борбата против уништувањето на природата.

Извор: newswise.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот