X
 18.08.2017 Живот

Германскиот град што ги сврти неонацистите против нацизмот

град
Фото: Screenshot

На 15 ноември 2014 година неонацистите се собрале во малиот германски град Вунсидел и станале „жртви“ на антифашистички трик кога не сакајќи собрале 10.000 евра за хуманитарна организација што се бори против екстремистите.

Со децении десничарските екстремисти секоја година марширале низ градот Вунсидел во Баварија. Оваа година организацијата „Десница против десница“ го променила пристапот.

Без знаење на учесниците на маршот, локалното население и бизнис-заедницата на овој град спонзорирале 250 учесници на маршот, така што за секој метар што го поминувале екстремистите 10 долари оделе за програма наречена „EXIT Deutschland“, што им помагала на луѓето да побегнат од екстремистичката група.

Жителите поставиле хумористични постери за маршот да изгледа како спортски настан, со слогани како „Кога Фирерот само би знаел!“ и „Моја ужинка“ покрај штандот со банани. На крајот поставиле и знак со кој им се заблагодариле на учесниците на маршот за нивните донации.

2
Фото: Screenshot

Неонацистите го избрале овој град затоа што таму бил погребан заменикот на Хитлер, Рудолф Хес. Иако неговите остатоци биле откопани во 2011 година и неговиот гроб бил уништен, десничарските екстремисти секоја година продолжиле да се собираат во овој град. Жителите претходно организирале контрапротести и поднесувале жалби, но залудно - Вунсидел и понатаму се сметало за место за марш на неонацистите од цела Европа.

„Сакаме да покажеме што уште можете да направите, уште какви други начини постојат за дејствување. Можете да направите многу повеќе од блокирање на улиците или спуштање на ролетните“, изјави претставникот на организацијата „Десница против десница“, Фабијан Вихман.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот