Синџир на хотели во Швајцарија нуди нова услуга: еден вид личен менаџер кога станува збор за социјалните медиуми. Оваа личност ќе прави фотографии од одморот на гостинот и ќе ги постира на „Инстаграм“ во негово име.
Посетителите на хотелите „Ајбис“ во Женева и Цирих овој месец имаат можност да купат пакет што вклучува и изнајмен инстаграм-инфлуенсер за туристите да можат да се одморат од социјалните медиуми додека одржуваат присуство на љубомора низ интернетот. Услугата од 90 долари се нарекува „Релаксирај се, ние постираме“.
Според условите на услугата, постовите треба да бидат проследени со хаштагот #postedbysocialmediasitter, а туристите им ги даваат нивните инстаграм-лозинки во текот на викендот. Програмата е пробна и ќе заврши овој викенд.
Целата работа е веројатно рекламен трик за промовирање на хотелите и е доста збунувачка, започнувајќи од рекламата за понудата на услугата. Промотивното видео дава страшна визија за лудите притисоци што социјалните медиуми ги имаат врз патниците.
На видеото еден пар се наоѓа на бротче во езеро. Кога момчето почнува да прави фотографии со неговиот телефон, луѓе почнуваат да излегуваат од езерото, со што се прикажани неколку однесувања на социјалните медиуми. Една жена вреска: хаштаг љубов, хаштаг езеро, и е прекината од гласен маж опседнат со добивање повеќе лајкови. Наеднаш, поранешната девојка излегува од длабочините, велејќи: - Тука си со неа? Потоа, личниот менаџер кој е облечен во бел костум го зема мобилниот и започнува да постира онлајн, оддалечувајќи ги луѓето од парот и спасувајќи ги сите од различни анксиозности што „
Инстаграм“ ги нуди.
Ако ништо друго, видеото е одлична причина за да го оставите вашиот телефон дома.