X
 12.12.2019 Образование

ММСА ја организира втората Конференција за приказ на случаи

На 14 и 15 декември оваа година во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, во организација на ММСА, ќе се одржи втората Конференција за приказ на случаи, чија цел е темелно истражување на идеите и интересите на студентите по медицина, како и младите доктори и воедно поттикнување на сите студенти на научноистражувачка работа и зајакнување на своите практични вештини преку следење на текот на целата болест кај пациентите со крајна цел - соодветна подготовка на идните доктори за својата понатамошна кариера.

Оваа Конференција е дизајнирана да им даде шанса на студентите да ги претстават своите истражувања во различни области, да ги споделат своите сознанија со своите колеги и професори и да ги разменат новите искуства што ги стекнале. Овој настан обезбедува основа за дискусија за клучните наоди на клинички истражувања, извештаи за различни случаи и тераписки напредоци со некои од најеминентните професори на Медицинскиот факултет.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование