Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА) преку видео упати порака до сите граѓани да ги почитуваат препораките и да седат дома.
-Денеска се соочуваме со најголемиот предизвик на човештвото, пандемија предизвикана од вирусот Ковид 19 која ја зафати целата популација на Земјината топка. Не бира возраст и начин ова зло да допре до организмот на човекот. Сепак, секоја криза претставува прилика да научиме многу за начинот на живот и негување на здравјето - истакнуваат од ММСА.
Во видеото може да се види како студентите го поминуваат времето додека трае карантинот, па тоа можеби ќе им даде идеја и на другите.
-Целта на нашата порака е да се дадат јасни и практични насоки за индивидуална и колективна сигурност преку идеи за активности кои ќе ви помогнат да го исполните вашето време додека седите дома. Јавното здравје е заедничка одговорност, затоа почитувајте ги мерките на Министерството за здравство, чувајте се и седете дома - порачуваат од асоцијацијата.
Погледнете го видеото.