Веќе 9-та година по ред, студентите на медицина, ММСА (Македонска Медицинска Студентска Асоцијација) при УКИМ, Скопје, ја организираат нивната хуманитарна акција СОС “Дедо Мраз“.
Оваа година успеаа да соберат рекордни 1106 новогодишни пакетчиња. Акцијата траеше од 16-ти до 24-ти месецов, така што учествуваа преку 60 волонтери – студенти на медицина од различни години, во маркетите на Веро (Веро 2 и Веро Jumbo) во Скопје, во период од 13 до 19 часот на поставен штанд на влезот на маркетот, при што студентите им кажуваа на луѓето за нивната акција и сите хумани луѓе кои воедно и ја поддржа акцијата, и доброволно донираа многу производи. Овој проект минатата година беше избран за најдобар проект, на глобално ниво од страна на ИФМСА (Интернационална Федерација на Медицински Студентски Асоцијации).
Делењето на пакетчињата е веќе започнато и истите се наменети за децата кои се наоѓаат на Детската Клиника, Клиниката за Инфективни болести, Детска Хирургија, потоа О.У. Златен Сремец, Ресурсен центар СОС Детско Село – Ченто и Шуто оризари, Дневен центар “Надеж’, Завод за рехабилитација за деца и младинци – Топанско поле. Исто така, посебното основно училиште “Иднина” – Чаир, социјално загрозени семејства и бројни други локации сеуште ги очекуваат своите пакетчиња, кои ќе ги добијат во следниве денови. Со ова, не само што студентите ја покажаа својата хуманост како главна одлика која што треба да ја има еден доктор, туку докажаа дека и во нашиот град Скопје постои еден хуман дух, кој што не обединува сите за