Kако да помогнете доколку некој во вашата околина има епилептичен напад, чекори и совети.
Видео изработено по повод Недела на мозокот 2018 година, проект на Одборот за човекови права и мир при Македонската медицинска студентска асоцијација (ММСА).
Доколку некој има епилептичен напад:
1. Не паничете!
2. Обезбедете го просторот околу него, тргнете ги предметите со кои може да се повреди.
3. Свртете го во странична положба и ставете нешто меко под глава, како јакна или чанта.
4. Мерете го времето колку ќе трае нападот. Обично трае 2 минути.
5. Откако ќе заврши нападот, сè уште бидете покрај него и внимавајте на неговите постапки. Може да биде вознемирен и да сака да избега или да се повреди себеси.
6. Бидете тивки!
Викнете итна медицинска помош доколку:
1. Не го познавате човекот и не знаете дали е прв напад.
2. Доколку нападот трае подолго од 5 минути.
3. Доколку при нападот се повредил и има крв.
Не правете:
1. Не обидувајте се да ставите предмет или рака в уста, може да се повредите и себе и него.
2. Не викајте гласно и не туркајте го, не допирајте го.
3. Не правете метеж!
Сè што можете да направите доколку сте сведок на епилептичен напад е да се погрижите за неговата и својата безбедност и да чекате додека да заврши.