Владите низ светот бараат начин за обновување на нивните економии. Ирска имплементира стратегија која е насочена кон уметничкиот и културниот сектор, кои биле тешко погодени за време на пандемијата.
Државата има програма со која ќе им дава неделна сума од 325 евра на 2.000 одбрани уметници и културни работници во период од 3 години. Иницијативата е пробна и има цел да го обнови уметничкиот сектор.
- Поради страшното влијание на пандемијата врз нашите уметници и креативни професионалци, владата реши да понуди невидено ниво на поддршка. Сакам уметностите не само да се обноват, туку да цветаат. Затоа обезбедив финансии за да помогнам во реализацијата на оваа програма, која беше клучен приоритет за мене во буџетот - изјавила министерката за туризам, култура, уметност, спорт и медиуми, Кетрин Мартин.
Уметниците што ќе бидат вклучени во програмата ќе бидат одбрани по случаен избор, а програмата ќе трае до 2025 г. Одбраните лица што ќе добиваат пари ќе може да ги трошат како што сакаат.
Пријавувањето за учество во програмата трае до 12 мај.
Извор:
My modern met
Насловна фотографија: Pixabay