X
 12.12.2021 Наука

Нова техника на печатење создава ефикасен еквивалент на кожата

Хроничните рани се длабоки и тешко заздравуваат. Некогаш тоа може да резултира со лузна и редуцирана функција на кожата.

Истражувачи од Универзитетот во Бирмингем и Универзитетот во Хадерсфилд развиле приод за печатење еквиваленти на кожата. Материјалот во иднина може да игра улога во олеснување на заздравувањето на хроничните рани.

Техниката е прва од овој вид и стимулира три слоја на кожата: хиподермисот, дермисот и епидермисот.

- Ефективно, имате три различни вида клетки. Сите тие растат со различна брзина. Ако се обидете да создадете трислојни структури, може да е многу тешко да се обезбедат потребите на секој различен слој - истакнува авторот Алан Смит.

За да го решат тој проблем, научниците создале материјал сличен на гел за да го поддржат еквивалентот на кожата, извртувајќи и менувајќи ја структурата на гелот како што се формирал да создаде подлога од честички кои потоа можат да поддржат втората фаза на инјектирање гел.

Во текот на печатењето, слоевите кожа биле депонирани во гелот кој служел за поддршка, кој држи сѐ на место. По печатењето тимот го измил материјалот за поддршка, оставајќи го само еквивалентот на кожата во слоеви.

Кога истражувачите го прободувале со игла гелот кој служел како поддршка, тој сам се обновувал многу побрзо од сличните техники. Тоа резултира со печатење во поголема резолуција од претходните метоси и овозможува печатење на сложени структури на кожа.

Авторите ја тестирале замената на кожата со сечење дупка во ткиво на свиња и печатење еквивалент на кожата за да ја пополнат дупката. По 14 дена тие виделе знаци на заздравување на раната.

Тимот не може да го процени заздравувањето на хроничните рани со замената за кожата затоа што процесот трае подолго отколку што дозволил нивниот модел, што било само 14-21 ден. Сепак, следниот чекор е подолго тестирање на соодветни модели за хронични длабоки рани. Крајната цел е да се обнови човечката кожа и да не остануваат лузни во сите сценарија кај пациентите.

Извор: Science Daily
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука