X
 19.06.2020 Наука

Научници создадоа наноматеријал со кој роботите добиваат камелеонска кожа

Научници од Универзитетот во Риверсајд, Калифорнија, создадоа нов наноматеријал кој еден ден може да обезбеди камелеонска кожа за роботите. Новиот слој е направен од златни наночестички и менува боја како одговор на кој било вид движење.

Иако ова не е првиот материјал што ја менува бојата, а кој може да одговори и на движење, сепак, е првиот што може да се печати и програмира за да покажува различни шари. Тимот ја направил обвивката со значително намалување на големината на златните честички.

- Во нашиот случај го намаливме златото на стапчиња со наноголемина. Знаевме дека ако можеме да направиме стапчињата да посочуваат во одредена насока, ќе можеме да ја контролираме нивната боја. Свртени кон една страна, тие може да бидат црвени. Поместете ги за 45 степени - стануваат зелени - истакнува професорот Јадонг Јин.


Сепак, истражувачкиот тим добил задача со тешка цел - земање милиони златни наностапчиња кои пловат во течен раствор и нивно насочување во иста насока за да се покаже една боја.

За да се реши ова прашање, тие решиле да соединат помали магнетни наностапчиња на поголеми златни и да ги концизираат двата вида во полимерен штит. Ова довело до осигурување дека двете стапчиња можат да се насочуваат со магнети.

- Исто како кога држите магнет над куп игли, тие сите се насочуваат во иста насока. Така ја контролираме бојата - вели Јин.


Најдобро од сѐ е што новиот материјал не е скап и може лесно да се прави. Може да покрива површина на објект со колкава било површина, лесно како нанесување боја.

Истражувачкиот тим замислува апликација на нивниот филм на роботи, но тоа не е единствена намена. Друга корисна намена може да биде за проверување на автентичноста на парите. Кога ќе се гледаат со поларизирани леќи, деталните дизајни се појавуваат на филмот кој може да се користи за потврдување на автентичноста. Филмот може да се користи и во уметноста.

- Уметниците може да ја користат оваа технологија за да создадат фасцинантни слики кои се многу поразлични во зависност од аголот од кој се гледаат. Би било прекрасно да се види како науката во нашата работа може да се комбинира со убавината на уметноста - објасни Ли.


Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука