X
 12.12.2022 Живот

Град во близина на Вашингтон има улици Босна, Сараево, Броз, Тито

Врските меѓу САД и балканските земји се нераскинливи, меѓу другото и поради големиот број имигранти во Америка. Некои од нив оставија трага што е видлива и денес. Во Манасас, Вирџинија, пример за овие врски се имињата на улиците.

Босна, Сараево, Броз, Тито, Томислав... Ова се само дел од улиците во Манасас, град кој е на околу 50 километри од Вашингтон и бил дел од големите битки во Американската граѓанска војна. „Гласот на Америка“ истражуваше како овие улици го добиле своето име.

Причината за работа на оваа приказна беше преписката на социјалните мрежи чии учесници прашуваа кој им дава такви имиња на улиците. Пребарувањето на „Гугл мапс“ покажа дека најмалку 10 улици во Манасас имаат имиња поврзани со Балканот и најчесто се наоѓаат една до друга.

Повеќемесечното пребарување на интернет и јавно достапните архиви не помогнаа многу во одредувањето на потеклото на имињата на улиците. „Гласот на Америка“ допре до градските власти, како и до округот Принц Вилијам каде што се наоѓа Манасас, но и тие немаа многу информации - освен дека улиците биле именувани во текот на 80-тите години.

Првите конкретни информации „Гласот на Америка“ ги доби од библиотекар од Информативниот центар за генеалогија и локална историја при јавните библиотеки на округот Принц Вилијам.

Библиотекарот Дон Вилсон пронашол документи во архивите кои ги покажуваат оригиналните планови на инвеститорот за парцелите со улици со балкански имиња. Документите од 1985 година покажуваат дека на една од локациите се градела фирма чиј претседател е Карло Милиќ. Две улици и денес го носат тоа име.

Вилсон објаснува дека е вообичаена практика улиците да бидат именувани од нивните развивачи.

- Секогаш кога инвеститорот поднесува план за нова парцела, дел од планот е список со имиња на улици. Градот остава градителот да одлучи за имињата. Ако не се повторуваат имињата, или нема друга причина зошто да не треба да се користат, предлозите обично се прифаќаат.

Извор: 6yka.com
Фото: Google Maps
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот