На социјалните мрежи се шири вест дека некој уметник од Лион крпи дупки во Белград, заедно со фотографии од шарени мозаици среде сивиот тротоар каде што до неодамна имало дупки.
Засега овие уметнички дела се забележани во „Цетињска“, „Франска“ и улица „Добрачина“.
Нивниот автор не сака да го открие својот идентитет и работи само ноќе. Познато е само дека неговиот псевдоним е Емемем.
Википедија тврди дека живее во Лион и е познат како „хирург на тротоарите“. Псевдонимот е ономатопеја на звукот на мопедот што го вози кога оди да поправи некој тротоар. Не сака да го открие полот или возраста. Споделува фотографии од своите дела на „Инстаграм“ под името „ememe.flacking“ и добил повеќе од 169.000 следбеници од 28 мај минатата година.
Извор: 6yka.com
Фото: Instagram