X
 06.04.2019 Живот

Бизнисмени спијат по улиците - прекувремената работа си го зема данокот

Јапонија е позната по културата на прекувремено работење, па така мнозинството Јапонци поминуваат долги часови во канцеларијата. По долгиот работен ден некои се опуштаат одејќи во локални барови.

Но, по многу пијалаци, тие понекогаш го пропуштаат возот до дома и немаат друг избор освен да спијат на улиците на градскиот центар.

Фотографот Павел Јазчук успеал да го документира овој феномен, правејќи фотосерија што подоцна ја претворил во книга која ја нарекол „Висока мода“. Фотографиите покажуваат колку е јасна јапонската корпоративна култура.

- Контрастот помеѓу добро облечените мажи и улицата ми го привлече вниманието - вели Павел.

1
Фото: Pawel Jaszczuk

Неговите фотографии покажуваат бизнисмени што одлучиле да дремнат на градските клупи, огради и на подземните платформи. Колку повеќе фотографирал, толку почесто го среќавал овој феномен. Тој вели дека знаел каде да ги бара, така што потрагата секогаш била плодна.

- По неколку истражувања знаев во кои области ќе бидат бидејќи не можат да се најдат насекаде - раскажува Павел.

Иако направил огромен број фотографии, сепак, не ги вклучил сите во неговата книга затоа што барал стил, убавина и изненадување во сцените што ги фотографирал.

2
Фото: Pawel Jaszczuk

Неговата книга била објавена во 2018 година.

- Прво се појавува визуелниот дел, а пораката доаѓа подоцна - вели Јазчук.

Откако ги направил првите неколку фотографии, почнал да ја истражува пораката: културниот феномен што ги натерал овие бизнисмени да спијат по улиците во работни денови. Она што успеал да го фотографира било симптом на озлогласената култура на прекувремената работа во Јапонија. Оваа култура може да биде толку интензивна, што многу луѓе починале од премногу работење, а оваа смрт добила и име: „кароши“, што во превод значи „смрт од претерано работење“.

3
Фото: Pawel Jaszczuk

4
Фото: Pawel Jaszczuk

5
Фото: Pawel Jaszczuk

Извештај од 2016 година покажува дека повеќе од 20 отсто од луѓето во анкетата спроведена меѓу 10.000 Јапонци изјавиле дека работеле најмалку 80 часа прекувремена работа на месечно ниво.

Терминот „инемури“ што во превод значи „спиење за време на должност“ или „спиење додека е присутен“ го опишува културниот феномен во Јапонија што го фали спиењето во јавноста, што подразбира дека еден вработен работел до исцрпување.

- Овие мажи се жртви на модерниот живот во Јапонија. Тие се физички уништени од последиците од работењето долги часови - вели Павел.

6
Фото: Pawel Jaszczuk

7
Фото: Pawel Jaszczuk

Феноменот „кароши“ датира од ерата по Втората светска војна, од 50-тите години. Решен да ја обнови јапонската економија, тогашниот премиер Шигеру Јошида ги повикал големите корпорации да ги поттикнат работниците да посветат повеќе време на нивната работа. Планот очигледно функционирал бидејќи денес јапонската економија е трета по големина во светот. Но, несаканиот ефект беа болести поттикнати од големите нивоа на стрес и исцрпеност. Мозочните удари и инфарктите станаа почести кај јапонските работници.

Децении подоцна смртните случаи поврзани со „кароши“ и понатаму се случуваат.

8
Фото: Pawel Jaszczuk

9
Фото: Pawel Jaszczuk
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот