„Нетфликс“ има нов филм со апокалипса, а во него повеќе автономни возила „тесла“ збудалуваат и се обидуваат да ја повредат главната хероина толкувана од Џулија Робертс.
Во филмот со наслов „Остави го светот зад себе“ (Leave the world behind) играат и Итан Хок, Махершала Али и Кевин Бејкон, а режијата е на Сем Исмаил.
Приказната е за мистериозен сајбер-напад кој влијае врз луѓето и автомобилите. Филмот е базиран на истоимената книга од Румаан Алам. Тој веќе се прикажува на платформата.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)