X
 18.05.2022 Забава

Јапонец ги прокоцкал сите пари што по грешка му биле уплатени од властите

Еден 24-годишен маж од Јапонија по грешка ја добил целата сума за финансиска поддршка поради ковид-19 наменета за стотици луѓе. „Среќникот“ веќе ги изгубил сите пари преку онлајн коцкање, пренесува Би-би-си.

Тој примил 46,3 милиони јени, што е околу 350.000 долари, на својата сметка. Овие пари требало да им бидат уплатени на 463 домаќинства со ниски примања во градот Абу, кои би добиле по околу 770 долари.

Истрагата покажала дека мажот повлекувал помали суми од сметката секој ден во период од 2 недели. Кога властите го контактирале, тој изјавил дека веќе ги нема парите, но е подготвен да плати за неговото криминално дело. Сепак, исчезнал откако го изјавил ова. 

Градот сега го тужи и размислува да побара да биде притворен.

Неговиот адвокат открил дека човекот ги потрошил парите коцкајќи ги во онлајн казина.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава