49-годишен Јапонец бил дисквалификуван од полагање на приемен испит на колеџ, откако постојано одбивал да ја крене маската за лице. Човекот на 16 јануари полагал испит во тест-центар во Токио.
Луѓето кои го надгледувале приемниот испит шест пати го замолиле студентот да ја крене неговата маска и да го покрие носот, предупредувајќи го дека ако не го направи тоа, ќе се соочи со дисквалификација. Сепак, човекот не сакал да ги послуша.
Однесувањето било проценето како намерна непослушност.
- Донесовме одлука затоа што кандидатот продолжи намерно да не го покрива носот со маската - изјави официјален претставник на Националниот центар за приемни испити на универзитетот.
- Не е непослушност ако кандидатите повремено ја тргнат
маската од носот кога чувствуваат потешкотии во дишењето. Но, овој кандидат беше дисквалификуван затоа што постојано одбиваше да ги следи правилата и упатствата - вели официјалното лице.
Откако му било кажано дека е дисквалификуван, кандидатот отишол во бањата и одбивал да замине. На крајот 49-годишниот Јапонец бил уапсен.
За време на пандемијата, секој што полага дводневни приемни испити на универзитет во Јапонија, мора да носи маска на лицето. Оние кои не можат поради посебни околности, имаат дозвола да ги извадат маските во друга просторија, доколку поднесат барање за дозвола, но овој кандидат не го направил тоа.
Кандидатот не ги известил официјалните лица за никаква посебна околност за неносење маска ниту пак го оправдал своето однесување.
Бројот на нови позитивни случаи на Ковид-19 во Јапонија е во постојан пораст во последните неколку недели. Од почетокот на пандемијата, земјата има над 335.000 случаи и над 4.000 смртни случаи покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Извор:
Businessinsider.in
Фото:
Screenshot/YouTube