X
 13.01.2022 Забава

Пистата на аеродромот во Гибралтар сече цел булевар

Гибралтар е привлечна дестинација за многумина, но треба да знаете дека и самиот аеродром на оваа британска територија е атракција.

Меѓународниот аеродром во Гибралтар е уникатен. Среде аеродромската писта поминува булеварот „Винстон Черчил“. Како функционира ова?

Секогаш кога авион полетува или слетува, користењето на булеварот е прекинато. Патот повторно се отвора веднаш штом авионот ќе ја помине пистата.

Аеродромот бил изграден во 1939 година, а најмногу го користат авиони на британски агенции.


Извор: Interesting Engineering
Фото: Wikimedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава