X
 22.11.2023 Живот

Крива куќа во Виндзор изгледа како излезена од цртан филм

Во Виндзор, Англија, каде што се наоѓа и најстариот и најголем населен дворец во светот и една од службените резиденции на британскиот крал, се наоѓа и една сосема необична куќа за која се врзани жителите. Се вели и дека кралскиот дворец е поврзан со оваа куќа со таен тунел кој наводно го користел Чарлс II за да се гледа со неговата љубовница.

Оваа необична куќа е позната како „Кривата куќа во Виндзор“. Заштитена е поради историската важност, а била изградена во 1592 година веднаш до градскиот пазар. Таа не била отсекогаш крива.



Во 1687 година градскиот совет наредил куќата да се сруши за да се направи место за изградба на градско собрание. Мештаните се бунеле и по драматична правна битка била наредена изградба на нова куќа која требало да биде идентична на онаа што била срушена. Градскиот совет ја изградил куќата со најевтин материјал - необработен зелен даб. Кога дрвото се исушило, тоа се искривило и куќата го добила својот препознатлив изглед.



Во оваа куќа никогаш никој не живеел. На почетокот во неа се наоѓала месарница, а подоцна пивница. Во некои периоди била и златарница и продавница за чај, а денес таму е сместено кафуле.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот