Џулијан Џулин бил инспириран од познатата приказна во „Малечката сирена“, поточно од нејзиното постојано живеење во едно место. Имено, тој не ја напушта својата соба. А, во оваа соба, сè е зелено. Се работи за уметнички проект поттикнат од сопствените желби и потреби.
Проектот се состои од проектирање на слика од него на ѕидовите на празната детска соба во непосредна близина на неговиот сегашен стан.
„Мислам дека ова е уметнички проект, но и истовремено мој живот... Ова го живеам секој ден, секој момент го поминувам во оваа соба. Дури и спијам со запалено светло за момчето во таа соба да остане живо. Започна такашто добив идеја да ја раскажам таа необична, емотивна приказна за лик сличен на Малечката сирена, кој не може да го напушти својот дом“, вели тој.
Џулијан започнал со реализација на неговиот проект кога имал 25 години, кога забележал дека не сака да го напушти домот никогаш повеќе.
Drengen der aldrig flytter hjemmefra from Julian Juhlin on Vimeo.