X
 13.01.2023 Наука

Откриено најголемото наоѓалиште на ретки оксиди во Европа

Шведската рударска компанија ЛКАБ го откри најголемото наоѓалиште на ретки оксиди во Европа. Станува збор за елементи кои се основни материјали во производството на електрични автомобили и ветерници.

Откритието може да има големо влијание врз транзицијата кон чиста енергија на континентот и може да ја направи Европа помалку зависна од Кина кога станува збор за снабдувањето со овие елементи. 

КЛАБ открила над еден милиони тони ретки оксиди во наоѓалиштето. Биле пронајдени прасеодимиум и неодимиум оксиди, кои се користат во производството на специјални магнети за електричните автомобили и ветерниците. 

Ова е најголемото познато наоѓалиште на ретки елементи во овој дел на светот и може да стане значајна алатка во производството на важни ретки материјали кои се клучни за да се овозможи зелената транзиција - изјавил главниот извршен директор на компанијата, Јан Мострон, пренесува „Јуроњуз“.

Иако е најголемо во Европа, наоѓалиштето е мало на глобално ниво, односно претставува помалку од 1 отсто од целото количество на овие ретки елементи во светот.

Копањето ќе почне по неколку години, а се проценува дека ќе поминат 10-15 години пред материјалите да започнат да се продаваат.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука