„Пајрат беј“, една од најдолговечните страници за преземање торенти, минатата недела беше повремено недостапна, но кога конечно „се врати“, „пиратите“ дочекаа ново разочарување.
(
Фото: Wikipedia)
Се чини дека „
Пајрат беј“ повторно ги користи профилите на своите корисници за копање криптовалути! Минатата есен се крена многу прашина за ваквиот потег на торент-страницата кога беше објавено дека компјутерите на корисниците биле „киднапирани“, а нивниот ЦПУ бил преоптоварен со копање на криптовалутата монеро без знаење на корисниците.
Сега торент-страницата го прави истото бидејќи на официјалниот форум „Супербеј“ корисниците пријавиле дека во кодот на страницата на која вообичаено ги поставуваат торентите наоѓаат
JavaScript што јасно докажува дека во заднината на прегледувачот, без нивно знаење, се одвива копање на криптовалути.
Од
NakedSecurity потсетуваат дека понекогаш издавачите им нудат на корисниците опции за копање наместо читање реклами, но почест е случајот некој да уфрли код без знаење на корисникот, но и на сопствениците на страницата.
Случајот „Пајрат беј“ е „посебен“ затоа што таа активност ја практикува самата страница, со што врши таканаречено „киднапирање“ (cryptojacking).
Минатата година тоа го правеа заедно се сервисот
Coinhive, но сега преминаа на релативно нов
Crypto-Loot.
NakedSecurity потсетува дека тоа е поради помалата провизија што ја наплаќа новиот сервис – 12 проценти наспроти поранешните 30.