Есента е вистинско време за одмор, а доколку сакате активен одмор и попатно да научите нешто за културно-историските споменици, ви предлагаме да посетите некои од следните замоци.
Што е толку привлечно кај замоците во кои доаѓаат патници од целиот свет? Некои ќе ве воодушеват со својата бајковита атмосфера, некои со архитектурата, неверојатните пејзажи и приказните за нив.
Туристичкиот магазин „Конде наст травелер“ ги објави најубавите замоци во Европа, а меѓу нив се најдоа и четири лоцирани во Словенија и во Романија.
На листата се најдоа Ношванштајн (Германија), Пена (Португалија), Гвајта (Сан Марино), замокот Версај (Франција), Хоенверфен (Австрија), Алказар во Сеговија (Шпанија), Кулзеан (Шкотска), Бамбург (Англија), Мирамаре (Италија), Бојничкиот замок (Словачка), Фредериксборг (Данска), Хоенцолерн (Германија), Алхамбра (Шпанија), Шенонсо (Франција), Кастел дел Монте (Италија), Кајлемор Еби (Ирска), Шамбор (Франција), Ајлиен Донан (Шкотска), Егесков (Данска), Алказар (Шпанија), замокот на островот Тракаи (Литванија) и Конви (Велс).
Како што може да се забележи, германските, шпанските и француските замоци доминираат, но одлучивме да обрнеме повеќе внимание на оние што се наоѓаат во Романија и во Словенија.
Замокот Корвин или Хуњади (Романија)
Можеби не инспирирал ниеден роман за вампири, но овој замок од 15 век има доволно „страшни“ карактеристики за да се натпреварува со замокот Бран.
Поглед на надворешноста на непробојни ѕидови, колосален подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стража и за сместување на затворениците. Во внатрешноста се наоѓа огромна зандана и комора за мачење, како и остатоци од таканаречена Мечкина јама, каде што според легендата, затворениците им се фрлале на мечките.
Замокот Бран (Романија)
Романија има многу прекрасни замоци, но ниту еден не е толку познат како замокот Бран.
Поранешна резиденција на кралицата Марија од Единбург и инспирација за романот „Дракула“ на Брам Стокер од 1897 година, оваа национална знаменитост се наоѓа високо на еден рид, со прекрасен поглед на околните планини и шуми.
Замокот Блед (Словенија)
Постојат многу причини зошто езерото Блед е едно од најпопуларните места во Словенија: смарагдни води, остров со црква, поглед кон Јулиските Алпи и секако замокот кој изгледа како да излегол од дизни-филм.
Доколку се качите по шумската патека, ќе можете да ги погледнете кулите со портокалови покриви на замокот Блед и ѕидините од 11 век, а потоа да уживате во магичниот поглед на езерото.
Предјамски замок (Словенија)
Направен во готски стил, овој замок ја има една од најдраматичните градби во Словенија бидејќи е вграден директно во карпа висока 123 метри и крие мрежа од пештерски премини.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram