Hive Room, заедничка иницијатива на ProCredit Bank, Quipu и Mastercard, влегува во нова фаза од својот развој. По повеќе од две и пол години активна поддршка на македонскиот стартап и фриленс-екосистем, проектот го заокружува досегашниот формат на физички co-working простор и продолжува како фокусирана платформа за едукација и вмрежување преку Hive Sessions во 2026 година.
Од самиот почеток, визијата на Hive Room беше да создаде отворен, инклузивен и инспиративен простор кој ќе ги поврзе креативците, фриленсерите и стартапите и ќе им понуди поддршка за развој на нивните идеи. Како бесплатен co-working простор, Hive Room обезбеди современи услови за работа, простор за соработка и вмрежување, како и дополнителни бенефити кои придонесоа за квалитетно секојдневно искуство на корисниците.
Во текот на својот развој, Hive Room функционираше на три различни локации, прилагодувајќи се на потребите на заедницата и динамиката на екосистемот. До самиот крај, активните простори останаа место на размена на идеи, професионален раст и соработка.
Импактот на проектот најјасно се гледа преку конкретните резултати. Од октомври 2023 година па наваму, над 1.200 фриленсери го користеа просторот за работа, повеќе од 50 стартап компании ги направија своите први чекори токму во Hive Room, а беа реализирани и четири Hive Sessions – настани за едукација и вмрежување организирани заедно со Quipu и Mastercard. Преку овие сесии, учесниците имаа можност детално да се запознаат со Стартап пакетот на ProCredit Bank и поддршката што банката ја нуди за развој на нови бизниси.
Затворањето на физичките простории претставува логичен следен чекор во развојот на иницијативата, произлезен од внимателно препознавање на актуелните потреби на фриленсерите и стартапите, како и од фактот дека за разлика од пред три години, денес на пазарот постои значително поголема понуда на coworking простори и работни локации. Во таа насока, фокусот се насочува кон Hive Sessions како формат кој овозможува поголем досег, флексибилност и уште посилно вмрежување на заедницата.
Со оваа еволуција, поддршката на ProCredit Bank, Quipu и Mastercard кон претприемачката заедница не само што продолжува, туку дополнително се засилува преку настани насочени кон споделување знаење, искуства и практични алатки за раст. Во текот на 2026 година, Hive Sessions ќе останат клучна платформа за поврзување и развој на локалната стартап и фриленс сцена.
Hive Room останува важен дел од оваа приказна, а неговото наследство продолжува преку луѓето, идеите и бизнисите кои произлегоа од оваа иницијатива. Со јасна визија и фокус на иднината, приказната продолжува преку Hive Sessions во 2026 година.
(Комерцијална објава)